Ново видео од венчавка во Бејрут го шокираше светот: Погледнете го ужасниот момент на експлозијата
Стравична експлозија се случи во вторникот во Бејрут, главниот град на Либан. Во експлозијата загинаа најмалку 154 лица, а над 5 илјади се повредени.
Снимките и фотографиите од Бејрут го обиколија светот, а сега пристигнува ново видео од фотосесија на млад брачен пар.
Младите веројатно во пресрет на венчавката имаа фотосесија, но во тие моменти се случи страшната експлозија по што настана голема паника. Се околу нив веднаш беше исполнето со чад и прашина и насекаде летаа парчиња стакло од искршените прозори и излози.