Тиаминот е витамин што игра клучна улога во заштитата од коронавирус: Во овие намирници го има најмногу!

Тиаминот, анеуринот или витаминот Б1, претставува еден од витамините од Б-групата кој е растворлив во вода и учествува во многу метаболички процеси во организмот.

Познато е дека дефицитот на витамин Б1 е многу чест кај пациенти што боледуваат од белодробни болести. Неодамнешно истражување ја покажало поврзаноста помеѓу недостигот од овој витамин и заболувањето од коронавирус.

Доколку на телото не му се обезбеди доволна количина од овој витамин, имунитетот слабее, а организмот станува поранлив и помалку отпорен. Покрај витамините Д и Ц, тиаминот игра клучна улога во борбата против сите инфективни болести. Оваа теза ја потврдиле многу лекари и спроведени истражувања.

Недостигот од витамин Б1 доведува до слабост, замор, психоза и оштетување на нервите. Големиот дефицит доведува до оштетувања на мозокот, срцевиот мускул и респираторните органи.

Во овие намирници го има во изобилство:

Витаминот Б1 го има во квасецот (леб, печива со квасец, пиво), трици, нерафинирани житарки, мешунки, ориз, месо, јајца, јаткасти плодови, млеко, зелка, спанаќ, компир и разни други видови овошје и зеленчук. Честопати, производите од брашно се збогатуваат со витамин Б1.

Препорачана дневна доза на овој витамин:
  • Мажи од 14 години и постари: 1,2 мг
  • Жени од 14 години и постари: 1,0 мг
Translate »