Принезата Дајана во Босна и Херцеговина пред трагичната смрт
Принцезата Дајана од Велс во 1997 ја посетила Босна и Херцеговина за да укаже за проблемот со заостанатите мини од војната. Дајана во Босна и Херцеговина престојувала три дена, и тоа во Сараево, Тузла, Грачаница и Зеница. Не давала изјави за медиуми, само се среќавала со семејствата што имале жртви од мини, помагала да им се обезбедат протези
Во Сараево се сретнува со 15 годишната Мирзета Габелиќ, која ја изгубила десната нога кога случајно стапнала на мина. Со неа и нејзиното семејство седи половина час. Мирзета подоцна ќе изјави дека посебно ја погодила средбата со Дајана, која заносела ланче со натпис Love.

Со воодушевување за неа раскажува и Малиќ Брадариќ, кој остана без десна нога кога застанал на мина во селото Клокотница.
,,Очекувавме принцеза во свечен фустан и круна на главата, а таа се појави со фармерки и бела кошула. За нас таа беше светло во тунелот,,рекол тој.

Но навистина големо изнеадување приготвила за семејство Шолјанкиќ во селото Добрња во Тузла. Никој не им најавил дека ќе дојде. Мухамед ги изгубил стапала во 1994 година.На ден на неговиот роденден Дајана се појавила на нивната врата.
Му донесоа роденденска торта и му пееја среќен роденден . Па како знаеа дека му е роденден,,

Три недели по посетата на Босна и Херцеговина , принцезата Дајана трагично загина во сообраќајна несреќа во Париз.

