Никој, освен Грк, не смее да го носи грчкото знаме!
Активистите на ултранационалистичката “Златна Зора” направија вистински скандал за време на парадата во Санторини затоа што момчето кое го носело грчкото знаме било Албанец.
Со погрдни зборови и навреди тие се обиделе да му го одземат знамето на момчето од албанско потекло. Дел од учесниците на парадата се спротивставиле, а дел ги тргнале своите деца, уплашени од агресивноста на неонацистите. Поворката поради инцидентот била откажана. Инаку , момчето кое го носело грчкото обележје е избрано бидејќи е најдобар студент во Санторини. Грчкото министерство за образование остро го осуди инцидентот, оценувајќи го како акт на дискриминација. Парадата во Санторини се одржува секоја година на денот кога Грција го одбила ултиматумот на Мусолини во 1940 –тата година.