Лепа Брена се уште “дрма” во Бугарија
Балканската легенда на турбо-фолкот Лепа Брена се уште е популарна во Бугарија.
На прес конференцијата во Софија, таа го презентираше документарецот посветен на 35-годишниот јубилеј од нејзината професионална кариера. Филмот е направен ексклузивно за бугарскиот пазар. На 18 декември Лепа Брена ќе одржи и голем концерт во Софија.