Мицковски најави враќање на ВМРО-ДПМНЕ во собранието
„Извршниот и централниот комитет вчера ги разгледуваа начините како ВМРО-ДПМНЕ најефикасно да се спротистави на криминалната Влада. Донесовме одлука со учество во работата на Собранието жестоко да се бориме за секој предлог кој е во корист на граѓаните и да се спротиставиме против секоја штетна мерка“, порача Мицкоски
„Првиот чекор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде покренување на прашање за гласање на недоверба на владата, затоа што од она што досега видовме се работи за влада со изгубен кредибилитет, влада која не работи за граѓаните и ја турка државата во амбис.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во детали ќе изложат аргументи зошто оваа антинародна и антидржана влада треба што поскоро да замине. Колку побрзо толку подобро за државата.
Поразите станаа секојдневие, а голиот популизам нејзино обележје, во реалноста народот живее многу полошо. Оваа криминална влада станува запаметана како најнеспособната досега од осамостојувањето на Република Македонија – изјави Мицкоски.
Мицкоски додаде дека преговорите за реформските закони се во финална фаза.
“Инаку во финална фаза се преговорите за реформските закони при што е постигната согласност за поголемиот дел на закони, при што беа прифатени голем дел на наши забелешки и укажувања за подобрување на законите. По целосното финализирање кое што се надевам дека ќе биде готово во следните денови ќе инсистираме за тоа да се добијат и писмени гаранции”, рече Мицкоски .Lokalno.mk