Села нема да биде во Влада без нови избори

Алијансата за Албанците ја информира јавноста дека на ниту еден начин нема да биде дел од некоја нова владина гарнитура, на која нема да му претходи парламентарен изборен процес.

Ваква одлука била донесена на вчерашното централно собрание на партијата, велат од Алијансата, од каде додаваат дека одлуката се заснова на индикациите дека оваа владејачка гарнитура не е доволно убедлива во својата заложба за радикални реформи во земјата, а особено, потенцираат, поради нејзината индиферентност околу спроведувањето и примената на принципите и функционирањето на владеењето на правото.

Од Алијансата за Албанците донеле заклучок и дека ќе продолжат да ги поддржуваат напорите и охрабрувајќи го меѓународниот фактор и македонската влада да го решат проблемот со името, но потсетувајќи ги сите страни вклучени во процесот, дека било кој предлог за името треба да биде меѓународно преведен и никако не треба да асоцира еднострано, само на јазикот и писмото на една одредена етничка заедница во земјата. На овој начин решавањето на овој повеќегодишен проблем ќе ја одрази мултиетничката реалност на земјата и ќе има важна улога во градењето на мирот, стабилноста и долгорочната толеранција во земјата, велат од Алијансата.

Алијансата за Албанците вчера го одржа своето прво Централно собрание во Кичево, по партискиот конгрес кој се одржа на 10 март 2018 година. За генерален секретар на партијата повторно бил избран Арбен Таравари, а на седницата биле избрани и повеќе партиски функционери.

Translate »