Министерката Дескоска најавува промени во учебниците

Што се однесува до учебниците по кои ќе учат учениците: за оние учебници во кои се пишува, согласно закон, се склучени договори и истите ќе бидат дистрибуирани до училиштата најдоцна до 15 септември. Истиот рок важи и за дистрибуција на најголемиот број други учебници.

–          Минатата недела, испратен е допис до сите училишта и креирана е апликација преку која наставниците и професорите од сите училишта се поканети да укажат на грешки и проблеми во учебниците. На директорите им е испратена лозинка, која преку e-ucebnici.mon.gov.mk, наставниците можат лично да ги внесат бараните податоци. Ги очекуваме одговорите од наставниците и професорите до 15 септември и ја користам оваа прилика да апелирам до сите нив да се вклучат активно во овој консултативен процес.

–          Во втората фаза ќе почне и консултативен процес за соодветноста на изборот на лектири за основно и средно образование.

Извор:mon.gov.mk

Translate »