Најново! Трамп ретерира-Никогаш не сум рекол кога ќе започне нападот врз Сирија
” Никогаш не сум рекол кога ќе се случи нападот врз Сирија. Може да биде наскоро или воопшто нема да биде наскоро!”, напиша на твитер претседателот Трамп.
Си-Ен-Ен во последниот твит на Трамп гледа обид американскиот престедател да се извлече од непријатната ситуација во која се заплеткал, заканувајќи се со напад врз Сирија во знак на одмазда за хемискиот напад во градот Дума, за кој западните сили го обвинуваат Башар Ал Асад.
Трамп се обидува да ја замати целата работа еден ден откако тврдеше дека нападот мора да се изведе, пренесува Си-Ен-Ен.