Како да најдете вистинска пријателка

Како да најдете вистинска пријателка во овие брзи и модерни времиња?

Психолозите посочуваат дека како што старееме, повеќе бараме квалитет отколку квантитет к ога се работи за пријателството.

Во младоста се бараат  пријателки кои се забавни и популарни  но подоцна , на жените им е важно другарките да им бидат лојални, блиски и искрени во своите критики и совети , без да им судат за некои постапки.

Пем Бауер, психолог и експерт за меѓучовечки односи, им советува на жените внимателно да ги бираат своите пријателки. “Сите имаме другарки кои со своите муабети повеќе ќе не исцрпат, отколку што ќе не “кренат”. Но, не мора секогаш да биде така”, вели Бауер.

-Добро погледнете ги луѓето со кои се дружите.  Дали постојано се жалат, озборуватат критикуваат?! Ваквите луѓе најчесто се дефинираат себеси како жртви и ги обвинуваат другите за своите неуспеси. Не се фокусираат на своите проблеми туку расправаат за туѓите. Од таквите не очекувајте да ве “кренат”, вели Бауер.

-Доколку ги имате во својата близина, тие шират негативна енергија. Прво треба да се запрашате дали ваквите пријатели навистина ви се неопходни бидејќи постојат емоционални лимити до кои може да се прифаќаат туѓите жалопојки и болки. Но, ако инсистирате вашето пријателство да опстои, пристапете искрено на пријателката  и запрашајте ј како можете да помогнете, дискутирајте и отворено кажете ѝ дека нешто мора да се промени во вашиот однос. Но, ако ни тоа не успее, тогаш е време, едноставно, да престанете да се дружите, бидејќи луѓето многу тешко   менуваат, посочува психологот.

Најважно е  да им верувате на инстинктите во изборот на пријателките. Со некои веднаш ќе “кликнете”, и уште при самото запознавање ќе почувствувате леснотија во комуницирањето и потреба да се отворите. Советот на психолозите е да ги симнете маските за да најдете сродна душа иискрено и долготрајно пријателство

Translate »