Голи чистачки работат по куќи за 50 евра по час

Побарувачката на ваков персонал за чистење по куќи е огромна.За оваа работа може да аплицираат и жени и мажи. За еден час чистење без облека, компанијата ” Чистачи натуристи” oд Лондон на вработениот му плаќа 50 евра на час. За истата работа, ама со облека, сумата е двојно помала.

Од фирмата напоменуваат дека чистачите/ките не нудат други услуги, но пожелно е и клиентите да бидат голи за да не им биде незгодно на хигиеничарите додека работат.

“Потенцираме дека услугата не е сексуална. На муштериите им е забрането да ги допираат или да ги  снимаат работниците додека чистат”, велат од компанијата.

Сепак, за фирмата е разбирливо ако клиентите малку се возбудат.

” Нашите хигиеничари се професионалци. Тие ја разбираат реакцијата на голото женско или  машко тело. Но, вие, како клиенти,  мора да го почитувате нивниот личен простор ” , децидни се од “Чистачи натуристи”.

Translate »