Не ја потиснувајте лутината, бидејќи станува збор за здрава емоција која ги мотивира луѓето на промени

Лутината е негативна емоција која луѓето главно се обидуваат да ја избегнат, но новинар на Њујорк Тајмс, Чарлс Даиг тврди дека е сосема во ред, дури и дека е многу здраво да се биде лут.

Чарлс една година ја истражуваше најчестата причина за лутина кај Американците и утврди дека лутината не е толку лоша емоција. 

Појаснува дека лутината има лоша репутација, бидејќи луѓето главно ја порвзуваат со насилство и истакнуваат дека тие два поими не се секогаш поврзани. Истовремено потсетува дека луѓето повеќето агресивни дела ги прават кога не се лути.

Чарлс тврди дека е здраво да бидете лути, бидејќи лутината пред сè ги присилува луѓето гласно да го кажат она што го мислат.

“Луѓето многу често се обидуваат да кажат нешто на пристоен начин и во тоа се губат. Доколку се лути тие ќе го кажат она што точно го мислат”, рекол Чарлс за Менс Хелт.

Покрај тоа, лутината им помогнува на луѓето да преговараат.

“Во поголемиот дел од случаевите, истражувањето за лутина резултираше дека сите страни трба да бидат подготвени за искрен разговор”, рекол Даиг.

Додава дека лутината е здрава и катарзична емоционална реакција, бидејќи нè мотивира да се промениме.

Translate »