Даниел Пауновски – Косата е најдрагоценото нешто за една жена, а негата треба да биде прилагодена на нејзините потреби.
- Кога станува збор за правилна нега на косата, на што треба да се обрне внимание, во услови на загаденост?
Студеното време, смогот и маглата предизвикуваат косaта да биде крута и безживотна. Затоа е неопходно да се изберат препаратите, кои ќе ја штитат кутикулата на влакното, а истовремено ќе се грижат и за кожата. Тука секако е важно изборот на шампонот, како и на фарбата да бидат прилагоден според карактеристиките на косата, за што е потребно советување со професионален фризер. Практичното искуство на фризерот, како и неговото познавање на индивидуалните карактеристики на косата на секој индивидуален клиент се исклучително важни.
- Дали постои некој тренд оваа сезона?
Се чини дека беспрекорната козметика за нега на косата не била никогаш толку на дофат на рацете како денес. Новите усовршени формули ја прават постапката за нега на косата поедноставена, а ефектите се неизбежни и неверојатни. Оваа сезона новитет се козметичките брендови IMEL и RED Cat, нови козметички линии достапни во поголемиот дел од фризерски салони низ Македонија. Станува збор за палета на производи за нега на коса, фарби, шампони, балсами за коса кои се создадени од професионални и долгогодишни фризери, базирана на нивните искуства со клиентите
- Како да се задржи природниот сјај, живоста и хидратацијата на косата, што советувате?
Со нанесување на бојата на косата, коренот на влакното се нагризува и слабее. Тоа доведува до губење на сјај и живост и недостиг на хидратација на влакното. Токму поради тоа треба да се користат формули кои прво ја отстрануваат бојата пред да се нанесе посакуваната нијанса, притоа оставајќи ја косата во совршена состојба. Револуционерниот RED PLEX ја овозможува целата регенерација на лушпите на влакното, и токму затоа толку брзо го освои пазарот. Во рамките на оваа козметичка линија може да се најдат и производи кои служат за обликување на косата и постигнување на посакуваната фризура, како и козметика за секојдневна нега и хигиена.
- Што значи негувана коса за една жена. Како тоа делува на самодовербата? Квалитетната и добра нега на косата може да ви послужат како одлична инспирација за да го подобрите вашиот личен стил. Негуваната, јака и сјајна коса ја хранат самодовербата на секоја жена. Косата е најдрагоценото нешто за една жена, токму затоа и треба квалитетно да се грижи за неа.