Девиците имаат можност за љубов, водолиите ги очекува добро друштво

ОВЕН

ЉУБОВ: Следува убав период. Мало несогласување ќе биде поврзано со вашата потреба од сигурност. Брзо ќе се освестите. Ќе имате чувство дека сте поврзани со целиот свет, а тоа ќе ви делува поттикнувачки.

РАБОТА: Ќе добиете очекувани одговори. Сега можете помалку да работите, а и да го продолжите планирањето со сите потребни информации. Во споредба со другите околу вас, вие ќе дејствувате сигурно и стабилно. Само бидете тоа што сте.

СОВЕТ: Шетајте повеќе

 

БИК

ЉУБОВ: Во друштво на својата најдрага личност вие ќе најдете утеха и мир после бурните работни часови. Тие кои сеуште се сами тешко ќе им биде да најдат дополнителна енергија за љубовни освојувања. Попрво ќе се опуштите во тишина или во друштво на пријателите

РАБОТА: И покрај напорите, вие чувствувате опаѓање на интересот за работа. Ќе се обидувате да обновите некои стари контакти кои се ветувачки. Тоа ќе биде најдобриот дел од работната недела. Се останато ќе биде малку досадно, а покрај тоа ќе мора многу да работите.

СОВЕТ: Најдете време за себе.

 

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Како што поминува неделата, ќе забележите дека се подобро комуницирате со личностите од спротивниот пол. Покрај тоа ќе бидете мнгоу активни. Во таквите околности можете да заведете многу луѓе. Тие кои се во врска ќе бидат задоволни.

РАБОТА: На дневен ред доаѓаат амбициите. Ќе има и такви кои ќе завршат една фаза од својата работа. Нови очекувања се на повидок, но нивното остварување треба да постави и нови темели.

СОВЕТ: Излезете на сонце и во природа. Потребно ви е освежување.

 

РАК

ЉУБОВ: Ако сакате да освоите некого, бидете дискретни. Ако сте во врска, премолчете некоја критика пред партнерот. Втората половина од неделата ви носи подобри љубовни можности. Одете чекор по чекор и резултатите ќе бидат трајни.

РАБОТА: Сакате да покажете што знаете, но чувствувате дека сеуште не е време да ги покажете сите адути. Во право сте. Некои работи подобро ќе дојдат до израз ако почекате уште малку. Затоа оставете ги скриени за сега.

СОВЕТ: Пред вас е долг пат.

 

ЛАВ

ЉУБОВ: Вашите љубовни апетити ќе бидат големи, а објективните можности мали. Сепак ќе пронајдете рамнотежа и задоволсто. Саканата личност ќе се воздржува од критики. Воглавно ќе ви биде добро.

РАБОТА: Дозволете другите да се изразат, а ако треба и да ве водат. Во овој момент едноставно не можете ништо да направите сами. Бидете разумни, трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на свое место.

СОВЕТ: Ништо не е случајно. Тоа добро го знаете.

 

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Поголемиот дел од оваа недела помеѓу вас и вашата сакана личност ќе владее опуштеност. Ништо нема да биде форсирано, а деновите спонтано ќе ви носат можности за љубов. Вашето лично нерасположение ќе доаѓа од другите аспекти на животот.

РАБОТА: Колку и да планирате некои чекори, колку имате можност да го покажете своето деловно знаење. Најверојатно ќе се зголеми вашето влијание врз другите, а на вас останува да го прифатите тоа како нова одговорност. Бидете професионални.

СОВЕТ: Оваа недела ќе трошите многу пари. Обидете се да заштедите нешто.

 

ВАГА

ЉУБОВ: Наредните денови добро ќе се забавувате и ќе бидете без притисок од тоа дека нешто морате да направите. Ќе уживате со партнерот. Спонтаноста која ќе се развие помеѓу вас ќе биде добродејдена. Осамените успешно ќе заведуваат.

РАБОТА: Вашите успеси конечно ќе дојдат до израз. Бидете спремни на тоа. Некој ќе сака да ја истакне вашата стара маана која е заборавена. Не обрнувајте внимание на тоа.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Биди она што сте и промовирајте се.

 

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Ќе бидете интересни на луѓето со кои сте во контакт. Во такви околности можете лесно да освоите нечие срце. Ако сте сеуште сами, спремете се и излезете. Оние во врски, ќе бидат потполно свесни дека нивната љубов е јака. Ќе уживате.

РАБОТА: Веројатно ќе бидете многу успешни во финансиска смисла. Некои ќе донесат решенија кои веќе долго време беа невозможни. Ќе бидете задоволни со материјалните достигнувања, но светот на авантурата ќе продолжи да биде предизвик на кој не можете да му одолеете.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Одете по вашата интуиција.

 

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Најчесто се снаоѓате како знаете и умеете. Еден ден ќе биде прекрасно, а другиот не. Не влегувајте во дебати, бидејќи нема да завршат добро. Поминете повеќе време во љубов со саканата личност.

РАБОТА: Во моментов не сте во најдобра форма. Не само што не работите, туку околностите не даваат стимулации. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на оваа состојба. Најчесто ќе ја извршувате задачата без премногу прашања.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Престој во природа ќе ве освежи.

 

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Ве загрижува повремената отуѓеност на посебните личности. Прифатете го како можност да работите на свој личен инвентар. Ова е транзиторна фаза преку која лесно можете да поминете низ хумор.

РАБОТА: Работата ќе ви изгледа се полесно. Сепак, ова е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини да работите без да се грижите, но напорите ќе ви помогнат. Затоа, бидете добро организирани. Духот го води телото, но на телото понекогаш му е потребен одмор.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Вежбајте техники на релаксација.

 

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Постои една недела на интензивни излези и многу можности за љубов. Вашиот општествен живот ќе оживее и ќе стане толку богат што во првиот момент можеби нема да успеете. Прифати повици, облечете се и одете меѓу луѓето. Ве очекуваат со задоволство.

РАБОТА: Излезете во пресрет на личност која не е сигурна како да ја завши работата. Бидете отворени, затоа што се работи за заеднички резултати. Благодарноста која подоцна ќе следи, ќе ви биде доволен мотив за иднина.

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Човек е лека за човекот.

 

РИБИ

ЉУБОВ: Вашиот бизнис или пријателство ќе се продлабочат. таму додека не до Ќе зборувате многу и ќе бидете постојано во друштво.

РАБОТА: Ќе помислите на вашата иднина, а особено на вашите таленти. Ќе сфатите дека не се целосно изразени и експлоатирани. Ќе барате начини да ги интегрирате во работата што ја вршите, а некои ќе се повлечат и ќе пронајдат  нова работа/

ЗДРАВЈЕ И СОВЕТ: Бидете свесни за себе, само така ќе напредувате.

Translate »