Во тек е потрагата по двајцата полицајци во реката Лепенец
Двајца полицајци од Косово синоќа излетале со службеното возило во реката Лепенец, пишуваат косовските медиуми. Потрага освен на косовската страна се прави и долж течението на реката Лепенец, на македонскиот граничен појас, во близина на селото Блаце.
Вкученоста на македонската полиција во потрагата ја потврди и косовскиот министер за внатрешни работи Бејтуш Гаши.
„Ние сме во постојана координација со македонските колеги бидејќи не се отфрла можноста телата на нашите двајца полицајци речната струја да ги однела на македонска страна. Од нивна страна поставени се и неколку препреки, по првиот контакт, за евентуално да не пристигнало нешто. Заедничката акција продолжува“- рече Гаши.
Гаши е постојано на терен од синоќа, околу 20:45 часот кога се случи несреќата заедно со други високи косовски фукционери.
Двајцата полицајци се дел од Полициската станица од Качаник, а несреќата се случила за време на патрола на излез од градот, кога службеното возило во кое биле од непознати причини излетало од патот во провалија длабока 150 метри и завршило во водите на Лепенец