Временска прогноза за 1-ви мај
За први мај поточно утре (втроник) територијата на нашата држава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса кој продира од северните предели на Африка и истата и натаму ќе условува многу топло но и спарно време и тоа поради транспортот на пустинска прашина и песок како и поради релативно високата влажност во воздухот.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.
Во попладневните часови особено на планинските места ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени.
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.