Пилинг чорапи за нежни стапала- нега само во неколку чекори !
Време е за одење на плажа и носење отворени обувки. Жешкото време ни наложува да ги складираме затворените чевли на некоj од рафтовите и да се раскомотиме во влечки или сандали, а тоа значи дека стапалата ни се директно изложени.
Груби стапала и несредени нокти навистина го расипуваат изгледот. Секоја префинета жена внимава на секој детал, па така средени и негувани стапала се нешто што таа го посакува. Секако, грубите стапала го расипуваат впечатокот, но влијаат и на самодовербата. Порано стапалата ги стругавме, за да постигнеме нежен ефект, сега тоа го правиме со чорапите Парасофтин. За седум дена имаме прекрасни стапала.
Прекрасни, нежни стапала повторно може да бидат реалност на секоја жена благодарение на чорапите Парасофтин: Иновативно решение кое го дава посакуваниот ефект (производот е со прифатлива цена).
Во зависност од степенот на задебелување на стапалата, активните состојки продираат длабоко и го омекнуваат засегнатиот груб површински слој на кожата. Ова се должи на комплексот од растителни екстракти (екстракти од кактус, круша, лимон, грозје и ананас) уреа и алантоин кој ја хидрира сувата кожа, ја помага регенерацијата и има ефект на мазнење и омекнување. AHA и BHA киселините го стимулираат процесот на обнова и ефикасна регенерација на кожата. Внимателно избраните состојки обезбедуваат интензивна хидратација на нозете, давајќи им мазен, чист и префинет изглед со видлив ефект по приближно 7 дена од употребата.
Чорапите не се препорачуваат во случај на оштетена кожа, егзема, габична инфекција или други кожни проблеми, преосетливост на некоја од состојките или ако страдате од дијабетес.