ДХЛ Експрес Македонија го зголемува транспортниот капацитет со авионот Boeing 737-400SF

ДХЛ Експрес Македонија, најголемата курирска компанијата за експресен транспорт и логистика од 05-ти Јули 2021 година го зголемува капацитетот на својата флота во Македонија. За прв пат на Аеродромот Скопје долета 36.4 метарскиот авион на ДХЛ Експрес од типот BOEING 737-400SF со носивост од 23 тони кој ќе оперира 5 дена седмично и 2 пати дневно ќе ја поврзува Македонија со остатокот од светот. Станува збор за современ воздухоплов кој ги исполнува сите актуелни ЕУ стандарди од областа на безбедноста и екологијата. Новиот авион ќе ја поддржи компанијата во остварување на својата глобална цел: намалување на емисија на издувни гасови за 50% до 2025.

Од 2001-ва наваму, ДХЛ Експрес Македонија дневно е поврзан со директен лет до Скопје, најпрво со 1.5 тонски Л-410, а од 2010 година наваму беше дневно поврзан со меѓународната ДХЛ мрежа со сопствен авион Ан-26 со носивост од 5 тонa. Со новата инвестиција, од сега натаму благодарение на карго авионот со поголем капацитет и напредна технологија, корисниците од Македонија ќе ги имаат на располагање стандардните транзитни перформанси (overnight delivery) со земјите од ЕУ и светот, без разлика на големината и тежината на нивните пратки.

Со ова се отвараат и огромни можности за сите компании во Македонија за проширување и развој на својот бизнис ширум светот, како и за поевтин, но брз и безбеден транспорт на тешки или габаритни карго пратки (airport to airport), кои во минатото немаше можност да се транспортираат по воздушен пат заради ограничениот капацитетот на досегашниот ДХЛ авион, но и заради тоа што патничките авиони што слетуваат на нашиот аеродром се со мал капацитет, претежно наменет за багаж.

Во комбинација со подобрениот ред на летање, (порано слетување наутро и подоцна полетување навечер), корисниците на ДХЛ во Македонија ќе имаат значително подобрени дневни сервисни перформанси, т.е. расположивост на нивните увозни пратки порано во текот на денот, како и можност за испраќање на извозните пратки до подоцна во текот на денот.

Како рамноправен член на DHL Worldwide Network, ДХЛ Експрес Македонија е основана со 100% странски капитал и претставува дел од светската мрежа на ДХЛ веќе 28 години. Со доминатно пазарно учество во полето на курискиот транспорт, ДХЛ Експрес Македонија е незаменлив партнер на над 5000 компании и институции во Македонија во нивната меѓународна комуникација.

ДХЛ Експрес Македонија има 75 професионално обучени вработени и возен парк од над 20 возила што овозможува непречено функционирање и апсолутно покривање на целиот востановен процес на работа, кој фунционира подеднакво во секој дел на мрежата на ДХЛ.

За времетраењето на целиот процес пратките ниту за миг не излегуваат од ДХЛ дистрибутивниот систем, односно во секој момент може да се знае за статусот на пратките, каде се наоѓаат во одреден момент, и може да се добијат детални податоци за доставувањето на пратките, како и да се добие потврда за доставувањето.

Флотата на ДХЛ овозможува стандарден и најбрз рок на испорака на пратките од и кон Македонија, обезбедувајќи највисока безбедност на пратките. Царинскиот склад обезбедува сите увозно-извозни и транзитни процедури да се извршуваат брзо од страна на професионалниот брокерски тим на ДХЛ Експрес Македонија.

Сервисниот центар на ДХЛ со инсталираните системи, подобрените работни процеси и заокружувањето на сите активности “под еден кров” значи скратување на времетраењето на земните процесни активности (ground operations), зголемен квалитет на царинско-посредувачките работи и зголемена безбедност.

Неодамна, ДХЛ ја збогати својата градска курирска флота со возила на 100% електричен погон. Во рамките на глобалната кампања, на DP DHL, под името GO GREEN, градските рути во Скопје ќе бидат опслужувани со возила со НУЛА емисија на издувни гасови.

ДХЛ Експрес е првата логистичка компанија во Македонија што го има добиено ТАПА (Technology Asset Protection Association) сертификатот, највисокото признание за сигурноста и нивото на безбедност во  логистиката.

                                                ###

DHL Worldwide Network

Системот на групацијата DHL транспортира повеќе од 400 милиони пратки во повеќе од 220 земји и територии, со тим од преку 100.000 професионално обучени вработени, сопствена флота од над 260 авиони и преку 36.000 возила.

Грижата за природата и околината се составен дел на стратегијата на ДХЛ: мерки и средства за минимизирање на загадувањето се применети во сите сегменти на работењето – современи воздухоплови (според ICAO Chapter 3), EUR4 катализирани возила, користење на амбалажа изработена од 100% рециклирачки материјали, итн..

Освен освежениот корпораивен изглед под капата на Дојче пост, црвено-жолтиот ДХЛ претставува најголема и водечка експрес и логистичка компанија во светот која им нуди на клиентите иновативни и прилагодени решенија. Со светската експертиза во поглед на решенија, експрес, воздушен и прекуморски товарен превоз и копнен транспорт ДХЛ ја комбинира глобалната покриеност со суштинското познавање и експертиза на локалните пазари.

Translate »