Алармантно предупредување: Штетните ефекти на коронавирусот врз плодноста кај мажите се закануваат да го уништат човештвото

Научниците издадоа алармантно предупредување дека потенцијалните штетни ефекти на коронавирусот врз плодноста кај мажите се закануваат да го уништат човештвото дури и по завршувањето на пандемијата.

Истражувачите од Универзитетот за наука и технологија Хуајонг во Вухан повикуваат на итно истражување за долгорочните ефекти на инфекцијата ковид 19 врз плодноста кај мажите, поради појавата на бројни докази за намалена подвижност на сперматозоидите, нивен намален број и оштетување на тестисите.

„Веруваме дека е потребно итно следење на состојбата на машки пациенти заразени со коронавирус за време на закрепнувањето“, велат микробиологот Ју Тијан и биологот за репродукција Ли-куан Џоу, објави „Спутник“.

САРС-КоВ-2, вирусот што ја предизвикува болеста ковид-19, влегува во човечкото тело преку ензим кој е присутен во голем број витални органи, вклучувајќи ги белите дробови, срцето, бубрезите и цревата.

Ова ги остава подложни на значителна штета бидејќи вирусот се населува таму и почнува неконтролирано да се размножува.

Рецепторот на ензимите се наоѓа во респираторниот, дигестивниот, циркулаторниот, невролошкиот и потенцијално дури и кај машкиот репродуктивен систем.

Прелиминарните студии утврдија присуство на вирусот во примероци на сперма од пациенти со ковид-19.

Истражувачи од германски и ирански универзитети известуваат за директен доказ за оштетување на тестисите по инфекцијата со корона.

Тие откриле маркери на воспаление во примероци од ткиво на 84 пациенти со ковид-19 од вкупно 189 примероци.

Тимовите го тестираа квалитетот на спермата и бараа знаци на оксидативен стрес кај пациентите.

Откриле дека воспалението и клеточниот стрес се двојно посилни кај пациенти со ковид 19 од контролната група.

Загрижувачки е што сперматозоидите на заразени пациенти се трипати побавни, а исто така и самиот број на сперматозоиди беше драматично понизок.

„Овие ефекти врз клетките на спермата се поврзани со понизок квалитет на сперматозоидите и намален потенцијал на плодност“, рече водачот на тимот Бехзад Хаџизаде Малеки.

„Иако овие ефекти покажаа тенденција да се подобруваат со текот на времето, тие останаа значително зголемени кај пациенти со корона, а обемот на овие промени е исто така поврзан со тежината на болеста“, додаде тој.

Доколку овие откритија бидат потврдени и поткрепени со дополнителни истражувања, тоа се заканува да се усогласи со постојните кризи на плодност во многу западни земји.

Translate »