СОБОТКА: ЕУ Е НЕЦЕЛОСНА БЕЗ СИТЕ ДРЖАВИ ОД БАЛКАНОТ
Претседателот на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка истакна дека Европска Унија ќе биде целосна кога сите држави од Балканот ќе бидат дел од ЕУ.
Тој на состанокот во дворецот Графенег, со претседателите на парламентите на Словачка и на Чешка, Андреј Данк и Радек Вондрачек, укажа на значењето на 1989 година и падот на Железната завеса.
– Годината 1989 не треба да биде сфатена како точка на европскиот мировен процес, посочи Соботка, барајќи понатамошно ширење на ЕУ на Балканот.