Татко на 80 години-Кога младите не сакаат да прават деца, има кој сака!
Остоја стана татко на 80 години. Мајката Сања(42) е пресреќна. Синчето тешко 3,5 килограми и долго 53 сантиметри го крстија Стефан.
Гордиот татко вели:” Вистина да ви кажам, ова беше ненадејно, чудо невидено. Како и да е, тоа е што е! Синов е жив , здрав и прав, како и јас, па ќе се бориме бар уште 15-20 години”
За Остоја зборува цела Босанска Градишка. Сите се чудат на неговата” моќ “, a тој само се смее и вели дека кога се сака се се може.
Мајката во 2013 година го извадила бубрегот поради камења, но тоа не и сметало во бременоста. Веќе третиот ден по породувањето станaла на нозе.
“Така беше и кога ми го оперираа бубрегот. После три дена станав и му мешав малтер на Остоја за летната кујна. Стефан е добар, не плаче. Ќе го нахранам, преоблечам и се е како треба. Најстариот син работи, помладиот е на училиште, а овој малечкиов на сите ни прирасна за срце”, вели Сања.
Остоја од првиот брак има три ќерки. Две живеат во Австралија, а третата е во Белград.
“Сите три ни честитаа. Јас и Сања се запознавме сосем случајно, кога бевме во избеглиштво во Илиџа, пред 22 години. Сум поминал пола свет како мајстор, а сега тука ми е најубаво”, вели Босанецот.
“На телевизија сите зборуваат дека ни опаѓа наталитетот. Еве, мене ми се роди третиот син, а веќе имам три ќерки. Јас својот долг го оддолжив, сега е ред на младите”, порачува Остоја.