Како да се заштитиме од каснување на змија

Змиите (лат. Serpensживеат низ целиот свет, во многу различни средини, од планински области до слатководна и морска вода, но најголем број живеат во тропските предели. Во Европа единственото место каде што ретко живеат змиите е Ирска. Постојат многу видови, кои се делат на отровни и неотровни. Научете ја разликата помеѓу опасните и безопасните змии, за да знаете кога е битно да се побара медицинска помош. Главните разлики се во формата на шарите и обликот на главата. Отровни змии имаат поширока, триаголна глава, додека безопасните змии имаат тесна глава, малку поширока од вратот. Отровните змии се шарени, а на грбот имаат темни шари. Постојат две семејства на отровни змии Elapidae i Viperidae.

Симптоми

Ако змијата не е отровна, раната треба да се исчисти со многу вода, да се намачка со антибиотска маст и да се завитка со завој. Исто така, треба да се провери дали поминале повеќе од 5 години од вакцинација против тетанус, и повторно да се вакцинира. Доколку се работи за каснување од отровна змија треба да се избегнува и најмало движење. Околу 5 до 10 центиметри над местото на каснувањето треба да се врзе екстремитетот за да се запре венска и лимфна циркулација, со што може да се забави ширењето на отровот во телото. Битно е да не се стегне премногу цврсто, за да не се запре артериската циркулација. Лицето веднаш треба да побара медицинска помош или да биде хоспитализирано доколку пројави лоши симптоми. Противотров (antiviperinum) за каснување од змија содржи антитела. Се дава во болнички услови, интравенско и само кога е строго наведено, бидејќи може да предизвика сериозни, па дури и опасни по живот контра-ефекти.

Превенција

  • Доколку видите змија не и’ се доближувајте.
  • Избегнувајте висока трева доколку немате соодветна облека и чизми;
  • Не ги ставајте рацете во непроверени места, како грмушки или камења
  • Не кревајте камења или парчиња дрво ако не сте на доволна оддалеченост од потенцијалните напади на змии
  • Бидете внимателни доколку се искачувате по карпи.
Translate »