Шер: Да, потврдувам имав кратка романса со него
Американската пејачка и актерка Шер (72) во емисијата Џејмс Корден се пожали дека во моментов води сосема мизерен љубовен живот, нема момче но и натаму интензивно го бара.
Но популарната музичарка и добитник на Оскар, исто така, потсети на неколку познати љубивници за кои и денес има многу позитивно мислење. Така, актерот Вал Килмер (58), изјави дека прекрасно се бакнува.
Но, на нејзината листа на петмина најдобри љубовници, таа исто така се најде и познат актер кој со години се шушкало дека бил со Шер. Тоа е Том Круз (56).
– Меѓу нас заискри 1985. И двајцата сме поканети во Белата куќа, на состанокот за дислексија бидејќи и двајцата имаме. Романсата не ја почнавме веднаш, но сепак, постоеше силна хемија изјавила Шер за весникот ,,Евент,,