Во Ерусалим пристигна Иванка Трамп на отворањето на новата амбасада, ваквиот потег го осудуваат Палестинците

 

 

Високи претставници од САД ќе присуствуваат на свеченоста, по повод отворањето на новата амбасада во Еурасилим,меѓу кои ќерката на Доналд Трамп, Иванка, и нејзиниот сопруг Џеред Кушнер, и двајцата високи советници на претседателот, кои веќе пристигнаа во Израел. Ваквиот потег го осудуваат Палестинците, на протестите против отворањето на абасадата загинаа над 40 Палестинци меѓу кои и едно 14 годишно дете.

Палестинците се противат што САД го признаа Ерусалим за главен град на Израел бидејќи тврдат дека источниот дел на градот е нивен и треба да биде главниот град на палестинската држава.

Палестинците во Газа денеска се судрија со израелските трупи по што над 40 лица беа смртно застрелани во протестите.

Хамас, исламистичката група што владее со Газа, ги организира масовните протести во т.н. Голем повратен марш за преминување на границата во изминатите шест недели.

Околу 45 Палестинци беа смртно застрелани од израелските трупи во овој период, а има и илјадници ранети.

Израел го окупираше Источен Израел во 1967 година и го анексираше секторот, потег што не беше признаен од ниту една земја, сѐ додека Трамп не го направи тоа во декември, 2017 година.

Одлуката на Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел ја прекина долгогодишната неутралност на САД по ова прашање и ги подгреа тензиите со меѓународната заедница.

Мала привремена амбасада ќе почне од денеска да функционира во постоечкиот конзулат на САД во Ерусалим, а подоцна ќе се пресели во поголем објејкт кога останатиот дел од амбасадата ќе се премести од Тел Авив.

Свеченото отворање ќе се поклопи со 70-годишнината на државноста на Израел.

Се очекува Доналд Трамп да се обрати на свеченоста преку видеоповик.

 

Translate »