Скопје се гуши: Kолку е опасно загадувањето во ек на пандемија?
Се препорачува од дома да не се излегува, и просториите да не се проветруваат често. Сепак, доколку имате потреба да излезете од дома понесете си маска за да се заштитите од ПМ честичките во воздухот – препорачуваат лекарите.
„Магла има, задушливо е… Поготово луѓето што се со бронхитис нема шанси да живеат. Тоа е страшно! Нели ветуваше премиерот ќе очистиме воздух, каде е да очисти? Ајде нека го очисти. Страшно. Многу е загадено“, „Можеме маската да ја носиме за загадувањето. – Што чувствувате? – Ништо, само така осеќам, тоа не се решава за еден ден. Би било подобро да е почисто“, „Никогаш не сме имале суво грло. И ноќта спиеме, ама сега навечер кашламе бидејќи грлото е суво, мора да станеш вода да пиеш. Јас не знам, порано многу убаво беше“, велат анкетираните граѓани за „Алсат“.
Граѓаните се жалат на квалитетот на воздухот, што деновиве нагло се влошува. Тоа го потврдуваат и официјалните податоци за последнава седмица на Министерството за животна средина за присуството на ПМ10 честички во Скопскиот регион.
Според пулмолозите, аерозагадувањето не само што само по себе претставува опасност по здравјето, туку и дополнително го олеснува патот на вирусите до белите дробови.
Пулмолозите ги советуваат граѓаните дека носењето маска, но и внес на витамините Ц и Д го намалуваат штетниот ефект од аерозагадувањето.