Легендарната актерка падна на црвениот ќилим, а кондурите летнаа во воздух
Папараците го фатија моментот кога познатата глумица се сопна и падна право на “фаца” на црвениот ќилим на филмскиот фестивал во Кан.
За среќа, 72 годишната Хелен Мирен не се повреди , туку напротив смирено стана и им подели насмевка на насобраните фотографи.
Ова не е првпат британската актерка да падне на јавен настан. Таа пред две години се сопна, повторно, на Канскиот филмски фестивал, а претходно падна и на фестивалот Берлинаре.