Израел го протера турскиот конзул од Ерусалим
Израел го протера турскиот генерален конзул од Ерусалим, соопшти денеска портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Емануел Нахшон.Тој инфромира дека турскиот конзул бил повикан во Министерството и било побарано од него „да се врати во Турција на одреден период заради консултации“.
Одлуката на Израел уследи откако претходно денеска Турција соопшти дека побарала од израелскиот амбасадор во Анкара, Ејтан Наех да „се врати во Израел на одредено време“,
Наех бил повикан во Министерството за надворешни работи на Турција, каде му било доставено барањето и му бил врачен протест поради мерките што ги презедоа израелските безбедносни сили за време на протестите во Појасот Газа, при што беа убиени околу 60 Палестинци.
Турскиот вицепремиер и владин портпарол Бекир Боздаг по вчерашната седница на Владата информира дека амасадорите на Турција во Израел и САД биле повикани да дојдат на консултации во Анкара. Амбасадорот на Турција во Израел, Кемал Јокем попладнево допатува во Анкара.
Израелскиот министер за разузнавање Израел Кац барањето на Турција амбасадорот Наех „времено да ја напушти земјата“ го оцени како „лицемерно“.
– Најголемиот поттикнувач – претседатлот на Турција, (Реџеп Тајип) Ердоган, кој е поддржувач на Муслиманското братство, како и на Хамас и на Иран, кој е најголем подджувач на теророт, го протерува нашиот амбасадор од неговата земја. Лицемерието нема граници, изјави Кац.
Тој додаде дека Израел ќе продолжи да ги штити своите граници од терористите од движењета Хамас и Исламски џихад, кои „ги загрозуваат израелските граѓани“.
Ердоган претходно ги осуди мерките на израелските безбедносни сили и Израел го нарече „терористички држава“.
На ваквата реакција на Ердоган одговори израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој му порача дека не треба да му дели лекции на Израел.
– Ердаган е меѓу најголемите поддржувачи на Хамас и не се сомневам дека добро знае што е тероризам и ѕверство. Го советувам да не ни држи лекции за морал, напиша Нетанјаху на Твитер./МИА
Загинаа 58 лица на крвавите протести во Израел, додека Иванка Трамп свечено ја отвораше амбасадата