Успехот е најголемата одмазда-Дана Вулин, 6 години по нападот во кој била жива запалена од својата пријателка

loading...

“Мојата најголема  одмазда е мојот успех ” , изјави во емисијата на  британската ИТВ,  31 годишната Дана Вулин која во 2012 година беше жива запалена во нејзиниот дом во Перт , Австралија,   од љубоморната Наталија Димитровска.

Дана Вулин раскажува на ТВ за своите премрежија

 

По нападот,  оваа Австралијка поминала низ 200 реконструктивни процедури, била во индуцирана кома и одвај успеала да преживее. Имала изгореници на 60 проценти од нејзиното тело. Болничкото лекување траело 30 месеци, по што Лана морала да носи компресивна маска на лицето.

Дана Вулин со изгореници од трет степен, по нападот во 2012 година

 

Со години морала да носи маска за да ѝ заздрави кожата

“Имав голема желба да живеам! Но не како било, туку да имам квалитете живот. Моето семејство целото време беше со мене и се бореше да успеам. Не смеев да ги изневерам”, вели Дана Вулин. Кога се случил нападот, таа имала внук стар само пет недели. Вели дека токму тој ја оддржал во животот. ” Постојано мислев на тоа дете. Сакав да го држам во раце, да го почувстсвувам до себе. Да го гушкам. Ете, малите работи некогаш можат да те влечат напред, да ти дадат волја да продолжиш со борбата колку и да е тешко”, си спомнува Вулин.

Дана Вулин,  6 години по нападот

“По нападот ми беше тешко. Кога ќе се погледнев во огледало, си личев на  Франкенштајн. Но, никогаш не помислував на самоубиство. Бев во кризи и понекогаш ми се чинеше дека би било  најлесно да си го одземам животот, но кога ќе го видев внучето, се смирував и продолжував со животот”, вели таа.

Не чувствувам омраза кон жената што ме нападна, тврди Вулин

Нападот се случил во  февруари 2012 година, во Австралија. Издрогираната Наталија Димитровска провалила во домот на  Вулин во Перт , ја полила со алкохол и ја запалила, обвинувајќи ја за афера со нејзиниот бивш маж.  За нападот Димитровска е осудена на 17 години затвор.  Шест години подоцна, Вулин вели дека не чувствува омраза кон жената којашто ја нападнала. Таа неодамна  објави и книга за својата неверојатна живoтна приказна под наслов “Вреди да се живее”.

Наталија Димитровска одлежува казна затвор во времетраење од 17 години

 

 

Translate »