Млада девојка загина во сообраќајка во Штип
Млада девојка загина утрово во сообраќајна несреќа во Штип, соопшти полицијата.Станува збор за 21 годишна девојка од Свети Николе
До несреќата дошло кога возило марка „ауди“ директно се удрило во електричен столб и преминало на другата страна на булеварот.
Возачот на возилото веднаш е пренесен во штипската Клиничка болница и е во контактибилна состојба.
Во тек е увид од страна на основен јавен обвинител и полиција за да се утврди причината за несреќата.
Сообраќајната несреќа се случила на булеварот „Гоце Делчев“ во Штип.
Според СВР Штип, несреќата се случила во 5:15 часот утрово, а двете лица се на возраст од 21 година и се од Свети Николе.
На лице место починала девојката, а момчето е во болница. Возилото било многу оштетено па за да се извадат младите истото било сечено од ТППЕ од Штип.
ФОТО: ТВ Стар