ПСЖ формира напаѓачко трио Нејмар, Мбапе и Роналдо!?

Сонот на Насер Ал-Келаифи, претседателот на ПСЖ, е да го донесе Кристијано Роналдо во Париз.

Вратите се отворени според последните изјави на португалскиот фудбалер дека неговата иднина во Реал Мадрид е под знак прашалник. По финалето, тој го шокира „кралскиот“ клуб и најави дека размислува за заминување. Токму тоа сака да го искористи францускиот првак, кој му нуди плата од 45 милиони годишно.

Сепак, неговата откупна клаузула од една милијарда евра ќе биде голем проблем, со оглед на сумата која што ја нуди ПСЖ, а таа не е повисока од 150 милиони.

Дополнителна пречка за тимот на Томас Тухел е истрагата која УЕФА ја спроведува за да го докаже почитувањето на финансискиот фер-плеј при потписот на Нејмар и Килиан Мбапе претходната година.

Translate »