Една грешка е доволна да ви го урне авторитетот, како понатаму?!

Учителот на табла напишал:

9 Х 1 = 7

9 Х  2 = 18

9 Х 3 = 27

9 Х 4 = 36

9 Х 5 = 45

9 Х 6 = 54

Кога завршил , се свртел кон учениците, а целиот клас почнал да се смее. Учителот ги прашал што е толку смешно . Еден од учениците покажал на таблата и рекол дека првата задача не е точна и дека учителот згрешил. Тогаш  учителот рекол: “Првата задача намерно ја напишав неточна бидејќи сакав да ви укажам на нешто важно како  светот ќе се однесува со вас.

Првото множење е погрешно, а останатите пет точни, но никој ни збор не кажа за нив. Сите се смеевте и ме критикувавте за таа една единствена грешка. И тоа е така во животот. За доброто што сте го направиле ретко кој ќе ве пофали, но ако направите една единствена грешка, сите ќе ви се нафрлат. Затоа, издигнете се над критиките , бидете силни и продолжете напред.

 

Translate »