Како да го “нахраните” мозокот!

Мозокот е орган кој ги користи апсолутно сите витамини и минерали во помали или поголеми количини.

Недостатокот на било кој нутриент може негативно да се одрази на неговата работа. Сепак, постојат намирници кои на мозокот му го овозможуваат она што му е најпотребно за нормално функционирање, како и оние кои го чуваат мозокот од штетното влијание на стареењето. Еве некои од најважните.

Риба

Повеќето риби содржат омега 3 масни киселини. Со оглед на тоа дека дури 25 проценти од мозокот се сочинети од DHA омега 3 масни киселини јасно е зошто ова е најдобрата храна за мозокот.

Ореви

Оревите се уште една храна богата со омега 3 масни киселини, а покрај тоа, тие содржат уште неколку нутриенти кои се важни за мозокот.

Грозје

Покрај бројните витамини кои ги содржи, грозјето има и ресвератрол, антиоксидант кој стана познат поради тврдењето дека спречува Алцхајмерова болест и го продолжува животот.

Јајца

Јајцата се еден од најбогатите извори на нутриентот холин. Холинот му е потребен на мозокот за создавање на невротрансмитерот ацетилхолин кој има влијание на меморијата и структурата на мозокот.

Боровинки

 PHOTO/Getty Images)

Бидејќи мозокот е еден од органите кои се под најголем удар, антиоксидантите играат важна улога во неговото зачувување, а боровинките се овошје полно со антиоксиданти.

Translate »