Внимание! Што е “СИДС” причината од која умре тригодишниот син на Срѓан Тодоровиќ
Ненадејната смрт на тригодишниот Дејан син на актерот Срѓан Тодоровиќ не шокираше сите, а обдукцијата покажа дека причина за смртта на момчето е СИДС- Изненадна смрт, иако се шпекулираше дека труење е причина за умирањето на малото момче.
Синдормот на ненадејна смрт на новороденчињата (SIDS) или смрт во колевката е главната причина за смртност кај бебињата на возраст од 1 месец до 1 година. Сепак 90% од синдромот се јавува во првите 6 месеци, со тоа што е најчест помеѓу 2 и 4 месеца. Синдромот е особено застрашувачки затоа што не се знае точната причина заради која доаѓа до него и нема никакви симптоми, а бебињата умираат во сон. Синдромот се јавува и кај деца постари од една година и тоа најчесто во сон, и во зимскиот период.
Постојат многу теории за причината за синдромот, но она што охрабрува е фактот дека постојат работи кои можат значително да го намалат ризикот да дојде до него.
Безбедна положба на спиење за бебе
Бебето секогаш ставајте го да спие на грб. Спиењето на стомак драстично ги зголемува шансите да дојде до смрт во колевката. Во многу европски земји по кампањата за важноста на спиењето на грб, синдромот на ненадејна смрт е намален за 50-70%, а во САД дошло до намалување од 40%.
Спиењето на страна само по себе не е опасно, но не се препорачува затоа што така бебето полесно може да се сврти на стомак. Доколку го ставате да спие на страна, раката која е под него исравете ја нанапред за да не може лесно да се сврти на стомак. Некои родители го ставаат бебето да спие на страна со крпа зад него, но така само ќе му се олесни вртењето на погрешната страна.
Предвремено родените бебиња во болница се оставаат да спијат на стомак, затоа што тоа им го олеснува дишењето заради недоразвиеноста на белите дробови. Но тоа важи додека бебето е во болница. Со качувањето на тежината и доаѓањето дома и овие бебиња треба да се ставаат да спијат на грб.
Понекогаш некои здравствени состојби бараат бебето да спие на стомак, ако има таква потреба тоа ќе ви го каже неговиот педијатар.
Кога бебето спие на грб не спие толку длабоко полесно може да се разбуди, а тоа е важно затоа што само будењето кога бебето е во опасност е многу важен елемент. Некои родители заблежуваат дека нивните бебиња спијат подлабоко и помирно кога спијат на стомак, но подлабоко не значи и побезбедно.
Спиењето на стомак може да предизвика да се создаде воздушен џеб и бебето да го вдишува постојано иститот воздух, а со тоа и да не прима доволно кислород.
Кога бебето спие на стомак поголема е можноста да дојде и до загушување, доколку носот и устата му се притиснат во подлогата. Бебињата често пати немаат доволно сила за да ја свртат главата за можат да дишат нормално, па лесно може да настапи смрт.
Кога бебето спие на грб има помалку шанси да се прегрее, затоа што така непречено се лади преку главата и лицето (главата и лицето се главните делови преку кои се лади телото на бебето). Прегревањето е еден од факторите кои можат да доведат до синдром на ненадејна смрт. Кога бебето спие на стомак ладењето е многу помало. Прегрејувањето заедно со спиењето на стомак се едни од главните ризици за смрт во колевката.
Спиењето на грб може да доведе до сплеснување на задниот дел на главата кај бебето. Иако најчесто се работи за минлива појава, за да ја избегнете кога бебето е будно и си играте со него или му зборувате оставете го да лежи на стомак. Така ќе се му развиваат и мускулите на вратот и грбот. За да се избегне сплеснувањето на главата кога детето е будно можете да го носите во слинг или марама. Носењето на детето има и уште многу други полезни дејства.
Кога го оставате бебето со друга личност, осигурајте се дека таа ќе биде запознаена со начините на безбедно спиење и ќе ги следи вашите совети. Ова важи и за бабата и дедото, порано не се знаеше за опасностите од спиењето на стомак, па тие можеби не се запознаени со потребата од спиење на грб.
Безбедност на постелата за бебето
Бебето задолжително треба да спие на тврд душек во кој нема да може да пропадне.
Главата секогаш нека биде откриена.
Најбезбедно е наместо да го покривате со ќебе да користите вреќа за спиење, така ќе нема опасност од покривање на главата.
Доколку го покривате со ќебенце, нека биде лесно. За да не може ќебето да се крене нагоре можете да го свиткате во делот кај нозете под душекот.
Ќебето никогаш нека не биде кренато повисоко од градите на бебето.
Во креветчето никогаш немојте да оставате работи од кои бебето би можело да се загуши како: перничиња, облека, врвки, полнети играчки итн. Доколку на облеката за спиење има декоративни копчиња, врвки и сл. работи кои би можеле да му пречат на бебето, извадете ги.
Размислете за купување на органски душек и постелнина.
Одржување на температурата во собата на бебето
Температурата во собата никогаш не треба да биде превисока. Најдобра е онаа температура која ви одговара и вам. За бебиња над 3.6 кг одговара отприлика температура од околу 20 степени. За помали бебиња може да биде и неколку степни повисока. Најголемиот број на бебиња кои починале од синдром на ненадејна смрт спиеле на стомак, во топли соби.
Бебето немојте да го покривате со многу покривки. Доколку сметате дека му е студено подобро да додадете уште еден слој облека.
Облеката на бебето нека биде од природни материјали и внимавајте да не му е жешко. За да проверите фатете го на тилот или на градите. Температурата на нозете и рацете не е меродавна затоа што тие се најчесто поладни. Генерално на бебето му е доволна облека колку што ви е доволна и вам, сепак вие ќе научите што му одговара на вашето бебе. Бебињата на кои им е жешко спијат немирно и најверојатно ќе приметите дека е испотено. Кога ќе приметите дека се поти соблечете му еден слој од облеката.
Главата на бебто нека биде откриена и не му ставајте капа за спиење.
Кога бебето има температура немојте да го покривате уште повеќе, може да дојде до прегрејување. Повеќето од бебињата кои починале од синдром на ненадејна смрт кога биле болни, биле повеќе затоплени.
Влагата во собата треба да биде околу 60-70%. Сувиот воздух може да предизвика згуснување на мукусот и затнување на носот, а преголемата влажност може да овозможи развивање на респираторни алергии.
Во собата секогаш нека има свеж воздух и нека биде проветрена. Некои студии имаат покажано дека вентилаторот ја намалува можноста за појава на смрт во колевката. Се препоставува дека тоа е затоа што не дозволува да се создаваат воздушни џебови околу бебето. Ако користите вентилатор нека не биде уклучен на силно и нека биде свртен накај таванот.
Не го оставајте бебето да спие на подот, таму е поголема концентрацијата на штетни гасови.
За намалување на ризикот од синдром на ненадејна смрт кај бебињата помагаат и следните фактори:
Доење
За доењето се знае дека го намалува ризикот од смрт во колевката за 2-3 пати.
Цуцла
Употребата на цуцла кога бебето спие исто така го намалува ризикот од синдомот. Не се знае точно зошто, можеби затоа што бебето полесно може да се разбуди. Цуцлата сепак не се препорачува да се дава на бебиња помали од 1 месец, затоа што може да го поремети доењето на бебето. Но првиот месец секако и можноста за синдромот е помала. Некои бебиња не сакаат да ја прифатат цуцлата, во таков случај немојте да инстистирате на тоа.
Што ако бебето само почне да се врти на стомак
Кога бебето ќе порасне може самото ќе почне во текот на ноќта да се врти стомак. Тоа што тогаш можете да направите е максимално да го обезбедите креветчето со вреќа за спиење, без перница и без било што друго во него, задолжително спиење на тврд душек.
Спиење во иста соба со родителите
Се знае дека бебињата кои спијат во иста соба со родителите имаат помала можност да починат од синдромот на ненадејна смрт. За тоа дали е безбедно спиењето во ист кревет со родителите се водат полемики. Она што со сигурност се знае е дека спиењето во сопствено креветче веднаш до креветот на родителите го намалува ризикот.
Пушењето како фактор
Пушењето не само што значително го зголемува ризикот кога се пуши во околината на бебето, туку и мајките кои пушеле во бременоста имаат значително поголеми изгледи за ризик од синдром на смрт во колевката кај бебето.