Градината во ресторан Бакал, блеска во полн сјај!

Фотинии, липи, јапонски јавор, лаванда, декоративна елка, и други цвеќиња и декоративни растенија кои овде ќе ги видите создаваат уникатен впечаток и волшебно чувство, како да се наоѓате во ботаничка јапонска градина. Амбиентот е надополнет со вештачко езерце со прекрасни риби, кое дава посебен спокој. Од сите страни се простира зеленило и хармонија од бои кои максимално опуштаат. Бакал е вистинското место за уживање, за неколку часовно хедонистичко искуство, кое долго останува во срцето и сеќавањата.

Во „Бакал“ секој ден на мени има свежо печено јагне, јаре, прасе, свежа риба како дел од традиционалните македонски јадења, како и интернационална храна, како подгорче, капама, ѓомлек, но и foie gras, magre, t bone steak, tatar beef и многу повеќе, за секого по нешто. Специјално за потребите на ресторанот се одгледува органски зеленчук, домашно младо козјо сирење, а една од содржините на угостителскиот објект е и домашната пекара, каде се произведува домашен леб и бели пецива. Се прави р’жан леб од ржано брашно, мелено на камен, каде 90 % од лебот го содржи тоа брашно без никакви бои и адитиви, како и пченкарен леб исто така од пченка меленана камен, а и неколку лебови по француска рецептура.

Translate »