Фото: Редок феномен на скопска Гинекологија, се случува еднаш на 80.000 раѓања

Завчера, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје се случи несекојдневно породување. Станува збор за медицинско чудо и редок феномен, т.н. “en caul“ породување или раѓање на бебе во амнионска обвивка, кој се случува еднаш во 80.000 породувања.

„Бебето во превез“ на свет дојде со помош на асс. д-р Елена Ѓоргиевска Николовска, гинеколог која заедно со својата колешка правеле породување со царски рез кај трудница која носела близнаци.

„Како гинеколог-акушер со 18 годишно работно искуство на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, имав прилика заедно со мојата колешка асс. д-р Катерина Николоска да породиме пациентка во термин со близначка бременост со царски рез, при што, по породувањето на првото бебе, започна породувањето на второто бебе со „воден превез“. Целата екипа во операционата сала во еден момент беше благопријатно изненадена од овој природен феномен, и покрај големиот број на породувања кои ги правиме секојдневно. Навистина, тогаш сфаќаме колку е совршена природата и како ги создала совршено сите работи“, вели асс. д-р Елена Ѓоргиевска Николовска.

Целиот текст можете да го прочитате на Педијатар.мк или ТУКА.

Translate »