5 најдобри навики во исхраната за мажи над 50 години
Здравјето на мажите бележи многу промени кога тие ќе наполнат 50 години. Ризикот од здравствени проблеми како што се дијабетес тип 2, висок крвен притисок, срцеви заболувања, рак на дебелото црево и рак на простата значително се зголемува. Поради ова, важно е да направиме промени во исхраната кои можат да го заштитат и поддржат нашето здравје.
Реномираната меѓународна ординација за клиничка гастроентерологија, Gastro MD, неодамна објави извештај во кој се наведени 5-те најдобри навики во исхраната кои можат да помогнат да се подобри здравјето на мажите како што тие стареат.
Продолжете со читање за да дознаете за нивните стручни предлози, како и за повеќе совети за здраво стареење.
Јадете повеќе зеленчук
Внесувањето доволно зеленчук на дневна основа е важно за нашето здравје на многу различни начини, посебно за мажите на возраст над 50 години.
Зеленчукот е богат со фитохемикалии, кои го подобруваат здравјето на клетките и го спречуваат оштетувањето на ДНК. Зеленчукот со портокалова боја, како што се моркови, слатки компири и пиперки се богати извори на витамин Ц, лутеин и бета-каротин. Овие хранливи материи можат да играат важна улога во намалувањето на ризикот од развој на зголемена простата“, вели Gastro MD.
Намалете исхрана со црвено месо
Црвеното месо во умерени количини може да биде во ред, но неговото консумирање во поголеми количини и континуирано, може да доведе до здравствени компликации кај луѓето над 50 години.
Мажите кои консумираат големи количества на масти, особено од црвено месо или пак од друг вид на месо, имаат поголема веројатност да развијат рак на простата. Проблемот со храната богата со маснотии е што зголеменото производство на тестостерон и високото ниво на тестостерон во организмот може да го поттикнат растот на ракот на простата. Затоа, намалете ја потрошувачката на храна богата со маснотии, особено црвеното месо и изберете поздрави протеински алтернативи како мисирка, пилешко, риба, мешунки и јаткасти плодови.
Намалете ги количините на алкохол!
Внесувањето алкохол треба да се намалува како што старееме, особено кај мажи кои се загрижени за здравјето на црниот дроб, дебелото црево и простатата.
Според Gastro MD, „Ако обилно и континуирано конзумирате алкохол, може да му наштетите на црниот дроб и да придонесете за ниски нивоа на тестостерон. Секој алкохол што го пиете сега може да предизвика здравствени ризици во иднина. Проблемот со алкохолот е што, не само што е калоричен, туку и дехидрира. Алкохолот исто така го зголемува ризикот од рак на простатата, црниот дроб и дебелото црево.
Пијте многу вода!
Сепак, да се биде здрав во 50-тите не е само во ограничување на одредени производи. туку, исто така, и во изборот на вистинската храна и пијалоци кои можат да му помогнат на вашето тело да старее на здрав начин. А најважното за ова е водата.
„Истражувањата покажаа дека иако мажите генерално пијат повеќе вода од жените, многумина сè уште не ја пијат потребната дневна количина. Пиењето доволно вода секој ден има многу здравствени придобивки, вклучувајќи нормализирање на крвниот притисок, регулирање на телесната температура, испирање на бактериите од мочниот меур и помагање на варењето“
Јадете многу овошје
Како што старееме, не само зеленчукот туку и овошјето е важен извор за добивање на соодветни хранливи материи и минерали. Овошјето е богат извор на витамини, хранливи материи, влакна и антиоксиданси, кои прават сè, од заштита на здравјето на дигестивниот систем до зајакнување на имунолошкиот систем, и одбрана од слободните радикали кои предизвикуваат штета на клетките. Izvor – https://www.eatthis.com/
Доколку сте еден од оние кого го мачат овие проблеми има решение: ПРОСТАТОЛ КОМПЛЕКС е 100% природен билен препарат за одржување на здравјето и нормалната функцијата на простатата, наменет за лица со зголемена простата, за намалување на тегобите како што се зачестено мокрење и неможност за мокрење. Обединува 7 уникатни билни екстракти и нутриенти, и има научно докажано дејство. Обемна студија правена со случајно избрана група мажи на возраст од 50 до 70 години во период од 30 дена покажала намалување на честотата на мокрење доцна во ноќта за неверојатни 76%, додека протокот на урината се зголемил за дури 71%.