Собранието го усвои Договорот со Грција за решавање на спорот за името
Собранието го ратификуваше договорот со Грција. 69 пратеници гласаа за ратификување на договорот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги бојкотираа расправата и гласањето . Премиерот Зоран Заев побара од пратениците да гласаат за договорот, со цел да му се даде шанса на решавањето на речиси тридеценискиот спор.
„Ова е достоинствено и прифатливо решение за двете страни. Никому ништо не сме подариле. Овој договор нѐ извлекува од минатото и нѐ носи во иднината“, кажа премиерот.
Според договорот, името на државата ќе биде Република Северна Македонија, а се зачувуваат термини македонски јазик и македонски народ. Документот беше потпишан во неделата во Нивици, од министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас.