Вечерашниве протести од Собранието се префрлија пред резиденцијата на Иванов
Демонстрантите вечерва со патриотски песни, знамиња и пораки протестираа против промената на името пред Собранието,а потоа се упатија кон резиденцијата на претседателот Ѓорге Иванов за да му дадат поддршка.
– Нема компромис. Едно име имаме. Македонија, извикуваа демонстрантите пред резиденцијата на Иванов.
Тие го повикаа претседателот да се одважи и да не се плаши, порачувајќи му дека ќе го бранат.
Демонстрантите порачаа дека договорот за името со Грција е штетен и дека не смее да се преговара за името.
На демонстрантите не им беше дозволено да се качат до резиденцијата, полициски кордон застана пред нив и тие се собраа на крстосницата пред претседателската резиденција.