ВМРО-ДПМНЕ: Имаме индиции дека за нападот се одговорни структури блиски до власта
На што го темелиме ваквото убедување?
Веќе подолг период ВМРО-ДПМНЕ предупредува дека власта предводена од Зоран Заев готви насилно сценарио спроведувано од свои инсталации и полициски структури чија цел е да го втурне ВМРО-ДПМНЕ во насилство како би можело полесно да се делегитимира нашата борба против капитулацијата на Зоран Заев со договорот за името.
Власта преку овие и слични провидни провокации посакуваат нов 27 -ми април, каде Зоран Заев би се прикажал за жртва, а ВМРО-ДПМНЕ би била оцрнета.
Првиот таков неуспешен пример беа насилните протести пред собрание, каде за жал колатерална штета беа недолжни граѓани, жени и деца.
Тоа е целта и на вечерашниот напад, за кој многу веројатно дека ќе сака да се прикаже како наводно незадоволство на незадоволници од ВМРО-ДПМНЕ, а впрочем вистинската одговорност лежи во оние кои ја имаат власта.
ВМРО-ДПМНЕ има прецизни информации за оперативци од полициските структури кои финансираат и подбуцнуваат насилство кое треба да се насочи кон ВМРО-ДПМНЕ. Во ова се вклучени и лица од раководството на СДСМ. Впрочем на сето ова претходела и една средба во еден од скопските кафулиња каде лица од СДСМ биле во друштво со лица со дебело полициско досие, при што биле стимулирани да предизвикаат насилство.
Ова е вистинското диктаторското лице на Зоран Заев. Во негови раце е и полицијата, и судството и сите механизми да го спречи сето ова и да ги открие сторителите.
Ова е сериозен удар на демократијата.
Ова е сериозен удар на демократските процеси каде главната опозициска партија е под напад.
Овој начин на функционирање е препознатлив само во афричките диктатури.
И ова е сериозен доказ дека власта ја губи контролата.
Очекуваме жестока реакција и од меѓународната заедница која на дело може да види како функционира картелот на власт.”