Хан: Ако не се награди Македoнија, тоа ќе се одрази на стабилноста во регионот
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан порача дека Македонија треба да биде наградена од ЕУ за напредокот и за договорот со Грција со кој се става крај на 27-годишниот спор за името. Ако не добие награда на конкретен начин тоа ќе има огромен негативен ефект за целиот регион, истакна европскиот функционер пред денешниот министерски состанок во Луксембург кој му претходи на самитот на лидерите на ЕУ во четврток и петок.
Еврокомесарот ги повика земјите членки на ЕУ да дадат зелено светло почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, нагласувајќи дека тоа би бил позитивен сигнал за целиот регион и потврда на кредибилитетот на Унијата.
– Постигнавме многу, и ако ги погледенте резултатите само од последните неколку месеци ќе видите дека тоа е резултат на европската перспектива. И јас не би можел да разберам ако тоа не биде препознаено, разбрано и наградено на соодветен начин, рече Јоханес Хан.