Економскиот директор на гинекологија Чаир е застрелан

Економскиот директор на Клиниката за гинекологија, Ваљон Беља вечерва е ранет во скопската општина Чаир. По пукањето, тој е хоспитализиран, објави „Фокус“.

Беља (40) пред неколку месеци беше поставен на функцијата од редовите на ДУИ.

Тој доби публицитет во јавноста кога во 2016 година излегоа информации дека му се заканувал на поранешниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити.

/Фокус

Translate »