Бебе од една недела оставено пред Домот за доенчиња во Битола
Женско бебе на возраст од околу една недела е оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола.
Бебето е пронајдено вчера во 23:45 часот од страна на З.Б. (50) од Битола.
За случајот е известен Центарот за социјални работи во Битола по што социјален работник излегол на местото на настанот и извршен е разговор со З.Б..
Новороденчето е оставено во Домот за доенчиња и се преземаат мерки за расчистување на случајот.