Видео: Снег во јули

Додека добар дел од Европа се бори со горештини и пожари, жителите на еден руски град уживаат во борба со снежни топки и други зимски радости среде јули.

Норилск, вториот најсеверен град во Русија, е прекриен со снег и ги изненади жителите кои фотографиите од овој феномен ги објавуваат на социјалните мрежи.

Иако овој град со 175.000 жители се наоѓа внатре во Арктичкиот круг, снег во јули и не е изненадување зошто во периодот од јуни до август, во текот на поларниот ден, температурите се движат околу 15 степени.

 

Translate »