Oд каде доаѓаат фалсификуваните чевли и облека во Македонија?

Фалсификуваната стока што стигнува во Македонија е од Кина и Турција, а најмногу подложни на фалсификување се бонбоните, пенкалата, текстилот, обувките, козметиката и модните додатоци.

Податоците на Царинската управа на Република Македонија покажуваат дека 48 проценти од привремено задржаната стока по основ на повреда на правото од интелектуална сопственост е од Кина, додека 46 проценти е од Турција.

– Од јануари до јули годинава во 35 акции се задржани над 37 милиони парчиња стока поради основано сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Во вкупната количина доминира учеството на бонбони 41 проценти, 40 проценти се пенкала, седум проценти текстилни производи, над четири проценти обувки, над три проценти козметички производи и околу четири проценти модни додатоци, информираат за МИА од Царинската управа.

Согласно Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост доколку царинските службеници имаат сомнение дека предметната стока може да е фалсификат ја задржува и го информира носителот на правото преку неговиот првен застапник за утврдување на оригиналноста на стоката. Доколку носителот на правото потврди дека стоката е фалсификат царината започнува постапка за уништување на стоката, но доколку од носителот на правото добие известување дека стоката е оригинал по завршување на царинските формалност се пушта во слободен промет.

Translate »