Семејството бара доживотна казна за Ивона која починала за време на орален секс
Трагедијата која се случила во Германија предизвика голем медиумски интерес. Осомничениот лекар е во притвор уште од април, а семејството на жртвата за него бара доживотен затвор.
38-годишната Ивона починала за време на сексуален акт. Љубовникот бил лекар кој и ветил дека ќе ја излекува од воспаление на тетивата. Девојката се запознала со докторот Нидербилер преку сајт за запознавање и по кусата врска завршиле во кревет.
Тој сега е обвинет за нанесување тешки телесни повреди со фатален крај. За време на сексот Нидербилер на пенисот ставил кокаин,без нејзино знаење. Тоа го правел и порано, со уште другу две девојки , но ниедна не починала.
Некои од неговите жртви сведочеле дека кога биле во врска со осомничениот имале вртоглавици и губење свест.
Нидербилер кога бил уаспен работел како главен лекар во клиниката “Амеос” за естетска хирургија. Пред тоа бил главен лекар болницата во Десау.
Таткото на Ивона тврди дека ќерка му била пациентка на д-р Нидербилер и е убеден дека тој ја избрал за своја жртва.
“Тој вети дека ќе ја излекува, но сега таа е мртва,” вели таткото. По веста за смртта на Ивона, таткото добил срцев и му се ставени два стента.
“Цел ден нешто работам за да не полудам. Можеби ќе можев да најдам мир ако ќерка ми починеше во некоја друга несреќа , но вака не можам да се смирам, ” вели тој.
Семејството на Ивона очекува лекарот да добие доживотна казна затвор.