Видео: Мајка и бебе се првите жртви на ураганот Флоренс
Ураганот Флоренс ги однесе првите жртви во Северна Каролина откако стигна на бреговите на САД, а силните удари на ветрот фрлаат на бреговите бранови, кои веќе продреле до куќите во Авон. Се проценува дека до 3 милиони домови ќе останат без струја.
Флоренс , чиј пречник изнесувал 400 км, ќе ги погоди подрачјата на кои живеат околу 11 милиони Американци. Засега се откажани околу 1200 авински летови и метеоролозите проценуваат дека економската штета е во распон од десет до 60 милијарди долари.
Ураганот ослабнал на ниво на тропска бура, соопшти Американскиот национален центар за урагани, предупредувајќи дека тоа невреме и понатаму им се заканува на Северна и Јужна Каролина со силни ветрови и катастрофални речни поплави.