Грозни работи кои ги прават вработените во рестораните за да заштедат

 

Тајни кои вработените во рестораните никогаш нема да ви ги признаат, но ги практикуваат за да заштедат некој денар:

Претходно приготвена храна

Ова и не е некое големо изненадување, но ретко кој ќе го каже гласно. Многу често добивате само подгреана храна, подготвена од пред неколку дена.Или претходно послужена некому-остатоци од нечиј оброк

 

Не носат ракавици

Истражувањата ширум светот покажуваат дека над 60% од вработените во кујните не носат ракавици, туку храната ја допираат со голи раце.

 

Шишињата со кечап и мајонез само се дополнуваат

Шишињата и тубите со кечап и мајонез се веројатно едни од највалканите предмети на масата, со оглед на тоа што никогаш не се празнат и мијат, туку само се дополнуваат.

 

Вработените одат болни на работа

Вистина е дека кога работиш во ресторан немаш замена за да земеш боледување од неколку дена за целосно да оздравиш. Па така, често се случува вработените да приготвуваат и служат храна настинати.

 

Садовите само се проплакнуваат

Со оглед на тоа што во текот на денот се валкаат стотици садови, пред следното користење само се проплакнуваат за да нема видливи остатоци.

 

Грицките се послужуваат по неколку пати

Сувите грицки и јаткасти плодови од претходните гости може да бидат само дополнети и повторно послужени, иако никој нема да ви го признае тоа.

Translate »