Милошоски: Макрон имаше доблест да каже, за она што лажат Заев и Димитров
Откако францускиот претседател Емануел Макрон преку видео-обраќање директно и порача на македонската јавност да го промени државното име во Северна Македонија и на 30 септември да излезе да гласа, пратеникот Антонио Милошоски побра од премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров да го следат неговиот пример и да бидат конкретни.
Макрон, за разлика од сите други големи политички личности кој овој месец јапосетија Македонија или на каков било начин побараа да се гласа на реферндумот, делуваше „многу искрено“ кога напомена во еден момент дека името треба да се промени во Северна Македонија.
Еве што напиша Милошоски на својот фејсбук-профил:
Макрон: референдумот е за преименување во Северна Македонија (значи не е за Европска како што лаже Зоран Заев)!
Макрон: референдумот е за спогодбата со Грција да стапи на сила (не е за членство во ЕУ како што лаже Димитров, и во договорот нема никаква гаранција дека „Република Северна Македонија” во догледно време би станала членка на ЕУ; џабе би се менувало името, Уставот и џабе би се понижувања цела една нација и држава)!
Макрон: референдумот е за да смени Уставот на Република Македонија и сите документи и државни институции (не е за бесплатно здравство во ЕУ, ниту за лажните 25.000€ по земјоделец годишно, ниту за бесплатни студии, како што лаже Заев).
Макрон: Вие и Грција, вашата земја (може да замериме на ословувањето, но, барем е искрен дека во договорот нема ниту “М” од Македонци, македонски народ или македонска Влада и ниту Грција ниту ЕУ нема обврска да дава никаква гаранција за националниот и културниот идентитет на македонскиот народ, кој ниту еднаш не е спомнат во договорот).
Затоа, благодарам претседателе Макрон.
Вашето обраќање ќе му помогне на нашиот БОЈКОТ како демократска одбрана на нашиот Устав, име и достоинство!“