(ФОТО) Сопругите на фудбалерите ги засенија своите мажи на доделувањето на ФИФА наградите
Во Лондон се одржа свеченото доделување на ФИФА наградите за најдобри играчи на годината. Фудбалерите на црвениот тепих дојдоа со своите поубави половини.
Најдобриот фудбалер на светот Лука Модриќ пристигна со сопругата Вања и децата Ивано и Ема. Убавата сопруга на Модриќ блесна во црн долг фустан и едноставна фризура. Малечкиот Ивано, како и тато беа облечени во елегантен црн костум, а неговата сестричка во слатко црвено – бело фустанче.
Ниту другите сопруги на фудбалерите не заостанаа. Пилар Рубио партнерка на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос во кус фустан . Инаку, Пилар е шпанска новинарка и телевизиска водителка, а таа и Рамоссе во врска од 2012. година и заедно имаат три деца.
Марсело и неговата сопруга Клариса Алвес дојдоа со синовите Ензо и Лиам кои позираа во потемни костуми и бели патики. Марсело и Клариса се запознале во тинејџерските денови кога фудбалерот се дружел со нејзиниот брат и оттогаш се неразделни.
Американскиот фудбалер Клинт Демпси се појавил со убавата сопруга Бетани. Таа и Клинт се запознале на факултет и минале една година во врска пред во 2006. година да се венчаат. Иако според нејзината совршена фигура тоа не може да се забележи, имаат четири заеднички деца.
Јоана Санз, манекенка и сопруга на фудбалерот Дани Алвеш. Тие долгогодишната врска минатата година ја крунисале со брак.
Бившиот англиски репрезентативец Дејвид Симан и сопругата Френки Полтни .
Свеченото доделување го отвори легендарниот глумец Патрик Стјуарт, а од него улогата на домаќини ја преземаа Идрис Елба и Ен -Лори Бонет. За музиката беше задолжен Лиам Галагер.