ВМРО-ДПМНЕ:Зaев говори за лажна грижа за македонскиот јазик

Дрско лицемерие е тоа што на истиот ден кога пратениците на СДСМ во Собранието гласаа за потреба за носење на противуставен закон за двојазичност во целата држава, Зоран Заев говори за некаква лажна грижа за македонскиот јазик, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на говорот на премиерот Заев за унапредување на македонскиот јазик.

„Ако Зоран Заев вистински се грижеше за зачувување на македонскиот јазик како силно идентитетско обележје на македонскиот народ јавно го повикуваме парламентарното мнозинство на СДС да гласа против неуставниот закон за двојазичност во државата и да не се ратификува договорот со Бугарија со кој јавно се откажа од македонскиот јазик. СДС со законот за двојазичност, кој е антиуставен и надвор од законот го деградира македонскиот јазик, неговата употреба и етапно го уништува истиот“, се вели во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, грижата на Заев за македонскиот јазик е само димна завеса за распродавање на државните и национални интереси.

 

Translate »